Клоп бесен: Ние сме Ливерпул, а не касапи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големо незадоволство се појави во соблекувалната на Ливерпул по начинот на кој загубија во Париз, а сега мора да го победат Наполи, инаку нема да се пласираат во нокаут-фазата.

„Не е проблем да се загуби, не е пријатно, но многу тимови уште ќе загубат во Париз, тие се одлична екипа. Сепак, проблемот е критериумот во второто полувреме, направија од нас касапи, а ние сме една од најкоректните екипи во Англија. Тие се тркалаа по теренот, имаше 500 прекини“, кажа Германецот.

Навивачите се лути на него поради составот со кој играше, па примија два „ефтини“ гола, но и на судијата, кој според нив требаше да му даде црвен картон на Марко Верати по еден опасен старт.