Клоп воодушевен од Салах: За малку ќе заплачев поради неговиот потег!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп до крајот на сезоната би можел да влезе во историјата на Ливерпул како човек, кој на тимот му ја донел првата титула во Премиерлигата по три децении.

Германскиот тренер на одличен начин ги предводи „црвените“, кои се убедливо први на табелата во Премиерлигата.

Клоп беше воодушевен по натпреварот поради потегот на Мохамед Салах, кој му дозволи на Роберто Фирмињо да шутира и да постигне хет-трик.

„Знаевме дека натпреварот не е завршен, иако имавме голема предност. Сакавме да го контролираме мечот и успеавме во тоа. Салах му ја даде топката на Фирмињо. За малку ќе заплачев кога го видов тоа, зашто знам колку Мо сака да дава голови. Тоа беше фантастичен потег“, кажа Германецот.