Клоп ги насмеа новинарите: Преведувачот има еротски глас! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред натпреварот од петтото коло во Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Ливерпул на конференцијата за медиумите, тренерот на англискиот тим Јирген Клоп беше расположен.

Иако Ливерпул по поразот од Црвена Звезда нема премногу причини за забава, тоа не се однесува на Клоп, кој на новинарите им откри дека преведувачот има многу еротски глас.

„Инаку, преведувачот има многу еротски глас. Честитки. Повторете, ве молам“, кажа Клоп и ги насмеа новинарите.

Ливерпул гостува вечерва кај ПСЖ од 21 часот во петтото коло од Лигата на шампиони, а во моментов „црвените“ имаат шест бода, колку и Наполи, додека ПСЖ има пет, а Црвена Звезда има четири бодови.