Клоп е подготвен за даде и повеќе од СТОТКА за Италијанецот…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот ќе продолжи со трошењето, прашање е само дали навистина ќе потроши 100 милиони евра за крилен напаѓач.

Вицешампионот на Европа, веќе го има еден од најдобрите во светот, но Јирген Клоп очигледно не планира да сопре кога ангажирањето на квалитетни и скапи засилувања е во прашање.

Следната мета на Германецот кој од клупата ги предводи „Црвените“ е крилниот напаѓач на Наполи, Лоренцо Инсиње, момчето кое Ливерпул може да го чини преку 100 милиони евра, доколку навистина дојде до реализација на трансферот.

Наполи е подготвен да преговара доколку Англичаните понудат соодветна сума, а таа е околу 101 милиони евра, пишува „Газета дело Спорт“.

Споменатиот извор пишува дека Наполитанците не се под притисок и дека нема да се брза со преговорите доколку не увидат дека заинтересираната страна е подготвена да ги исполни нивните барања.

Зимскиот преоден рок е блиску, ќе зависи и од расплетот во Групата Ц, во Лигата на шампионите, каде Ливерпул, ПСЖ и Наполи ја водат битката за двете места кои водат во елиминационата фаза.

Реална опција е оваа приказна да почека до следното лето, но никогаш не знаете што се може да се случи на пазарот во текот на зимата, а секако дека резултатите кои Наполи ќе ги прави во следните два месеци ќе влијаат на конечната одлука на италијанскиот клуб врзана за продажбата на Инсиње.