Клоп нема да штеди: Ливерпул сака ѕвезда на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул ја продолжи битката за титулата во Премиерлигата, а свесни се дека им треба уште едно засилување за да го освежат составот во јануари.

Јирген Клоп има една желба, но управата на Ливерпул ќе треба да одвои 120 милиони евра за да му ја исполни.

Наводно, Клоп го сака Марко Асенсио од Реал Мадрид, кој претседателот Флорентино Перез не сакаше да го продаде лани, но очигледно годинава се предомисли.

Според некои информации, „кралевите“ ќе се согласат на трансфер на Асенсио, кој е во втор план кај тренерот Сантијаго Солари, па со парите кои ќе ги добијат за него, ќе се обидат да ангажираат нови ѕвезди во клубот.