Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесува „Ливерпул Ехо“, фудбалерот на Борусија Дортмунд повторно може да соработува со Јирген Клоп.
Во летото Клоп со сите сили пробуваше да го доведе Марио Геце од минхенски Баерн на Енфилд, но на крајот не успеа во тоа.
Се свртија на Садио Мане, а бидејќи Сенегалецот е еден од клучните играчи на Редсите во оваа сезона, се чини дека не погреши.
Геце во меѓувреме се врати во Борусија, но во својата втора епизода на „Сигнал Идуна Парк“ не оди така лесно.
Запиша само десет лигашки настапи во оваа сезона, постигна еден гол, и Клоп верува дека може да го убеди за во редовите на Ливерпул да се придружи во наредната сезона.
Јасно е дека Ливерпул мора да пронајде алтернатива за клучното трио Кутињо – Фирмино – Мане, тоа не го направи во зимскиот преоден рок што многу му се удри во глава, бидејќи Редсите многу слабо влегоа во 2017 година, успееја да испаднат од две натпреварувања и да ја загрозат позицијата на табелата од Премиер лигата, која во наредната сезона води во ЛШ.
Дали е Геце решението и дали Клоп ќе успее да го доведе и да му ја оживее кариерата, ќе видиме во наредниот преоден рок.