Клоп објасни поради што Челси е лидер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот истакна дека тајната на успехот на Сините лежи во тоа што немаа поголеми кадровски проблеми.

Ливерпул и Челси се во предност во однос на останатите ривали во трката за титулата бидејќи немаат обврски на евросцена, а со самото тоа ја намалува шансата да се случуваат пехови со повреди.

Меѓутоа, Антонио Конте досега имаше повеќе среќа од Јирген Клоп.

За менаџерот на Сините повредата на Филипе Кутињо значително ги намали мавретите, бидејќи Бразилецот беше алфа и омега на тимот од почетокот на тековната сезона, па германскиот стратег смета дека Сините се одлепија бидејќи клучните им се здрави цело време.

„Челси е тим кој досега имаше најмногу среќа со повредите. Ние го загубивме Кутињо, Стариџ и Ингс. Замислете тие да останеа без Азар и Коста“, поентираше Клоп.

Во пресрет на 18 коло од ПЛ Ливеерпул е втор на табелата  и заостанува зад водечкиот Челси шест бодови.