Клоп помага на својата Борусија: Доведува млад играч за врска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Офанзивниот играч за врска Кристијан Пулишиќ, американски Хрват роден во светската претстолнина на чоколадата Херши, нова желба на Јирген Клоп од германскиот клуб, после што во ова лето веќе од татковината ги доведе Кариус, Манингер, Матип и Клаван.

Ливерпул понуди 11 милиони фунти, околу 13 милиони евра, за 17-годишнната ѕвезда на Борусија Дортмунд.

Но, Пулишиќ би бил прв играч на поранешниот клуб на Клоп кој може да заигра за неговиот актулен, иако во Борусија не играше под Клоп.

Беа во клубот со исто време, со оглед дека Пулишиќ во Дортмунд дојде на почетокот на минатата година, но Борусија го доведе како 16-годишен да игра за У-17 екипата, а во минатото лето требаше да премине во У19.

Меѓутоа, после што во првата полусезона постигна 19, а намести осум голови, брзо е прекомандуван во првата екипа.