Клоп после триумфот над Црвена Ѕвезда: Уживав…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Редси на Енфилд синоќа рутински славеа над Црвена Ѕвезда со 4:0, а после уверливата победа видно задоволен беше и менаџерот Јурген Клоп, посебно поради играта на напаѓачкото трио – Салах, Мане и Фирмињо.

„Наш план беше веднаш да тргнеме во напад, не знаевме како противникот ќе се брани. Сакавме да играме брзо и течно, но можеби предолго ни требаше да влеземе во тој ритам. Кога натпреварот се смири, почнавме да играме фудбал и да креираме прилики. Севкупно беше тоа еден добар натпревар и уживав многу“, изјави Клоп по натпреварот, па продолжи:

„Добро е тоа што Салах, Мане и Фирмињо постигнаа голови, но исто така беше убаво да се види дека Лалана се враи на теренот, Фабињо исто така беше добар и Шакири кој беше вклучен речиси во секоја акција. Накратко, немам замерка“, додаде тој.

Ливерпул е водечки во групата Ц со освоени шест бодови, но свесен е дека до самиот крај ќе биде неизвесно.