Клуб лажирал смрт на фудбалер за да одложи натпревар! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Даблин Белибрек лажирал смрт на свој фудбалер и тврдел дека починал во сообраќајна несреќа за да одложат натпревар.

Подоцна, клубот се извинил поради неверојатната грешка и додал дека подоцна било потврдено дека фудбалерот бил оправдано отсутен поради обврски.

Клубот прво му се извинил на фудбалерот, а потоа и на нивниот противник против кој требале да го одиграат дуелот, кој бил одложен.

„По одржаниот итен состанок клубот го контактираше Фернандо за да ја провери неговата состојба по тоа што се случи и благодарни сме што го прифати нашето извинување. Исто така, им се извинуваме на нашите противници поради ова. Се надеваме дека вакви грешки нема да се повторуваат“, соопштија од клубот.