Коби Брајант го предизвика Антетокунмпо да ја освои МВП наградата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Во петокот Коби Брајант на своите Инстаграм и Твитер профили им даде противници на неколку познати личности, вклучувајќи ги тука и НБА играчите Демар Дероузан и Ајзеа Томас.

 

Јанис Антетокунмпо се почувствува заборавен и побара од Коби и нему да му биде даден предизвик. И Коби го направи токму тоа, го предизвика да ја освои МВП наградата.

Ова само покажува колку високо мислење имаат за Антетокунмпо сегашните и поранешните играчи од НБА лигата.

 

Во минатата сезона гркот беше импресивен и беше лидер на Милвоки Бакс во петте најважни статистички категории: поени по натпревар (22.9), скокови (8.8), асистенции (5.4), блокови (1.9) и минути по натпревар (35.6).