Ковачиќ го „предаде“ својот соиграч: Азар ме прашуваше како е во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ сезонава игра како позајмен фудбалер на Реал Мадрид во Челси, па покажа голема желба да остане во Лондон.

„Сините“ го добија Ковачиќ на позајмица во трансферот на голманот Тибо Куртоа, а „кралевите“ би сакале во своите редови да го видам и Еден Азар.

Белгиецот призна дека во иднина би сакал да настапува за Реал, а Ковачиќ откри деак Азар го прашувал како е во тимот од Мадрид.

„Ме прашуваше каква е ситуацијата во Реал кога стигна во Лондон. Меѓутоа, ние сме фокусирани на Челси. За мене е неверојатен фудбалер. Не знаев во минатото дека е толку добар фудбалер. Без проблеми може да биде меѓу најдобрите три фудбалери во светот“, вели Ковачиќ.

Хрватскиот фудбалер во дресот на Челси сезонава настапи 22 пати и имаше една асистенција.