Коларов пред договор со Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Манчестер Сити, Александар Коларов е пред договор со Рома. Ова го потврди и менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола.

„Кола ми помогна многу минатата сезона за многу работи, но тој сега има голема шанса да се врати назад во Рим каде играше претходно. Тој зборуваше со мене и истакна дека сака да замине, а јас не сакам во тимот да имам играчи кои не сакаат да останат“- коментираше Пеп.

Ќе видиме како ќе го прифатат ваквиот развој на настаните навивачите на Лацио затоа што Коларов пред да пристигне во редовите на Манчестер Сити беше еден од најдобрите играчи на клубот за кој некогаш настапуваше и нашиот Горан Пандев.