Конечно реакција на заинтересираните страни: Стигна официјална понуда до ВБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ВБА, Саидо Берахино би можел во јануари да го напушти клубот.

Според медиумите, ВБА ја добил првата официјална понуда во јануарскиот преоден рок, а таа стигна од Стоук.

Иако не е познато колку изнесува, се шпекулира дека Стоук понудил многу помалку пари отколку Тотенхем во 2015 година.

Тотенхем тогаш даваа 20 милиони фунти, но беа одбиени. Времињата се сменија и Берахино за тимот нема играно од септември, а последниот гол го постигна во февруари минатата година.

Берахино има 23 години и во својата кариера има играно уште и за Нортамптон, Брентфорд и Петерборо.