Конте бара 15, Абрамович сака 50!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Што е сега пречка и поради што нема продолжување на договорот.

Антонио Конте нема да преговара околу нов договор додека Челси не ја заврши работата околу титулата.

Наводно  на последниот состанок со сопственикот тој порачал дега сега не е време за тоа да се зборува, но и повторил дека сака значително сака да го засили тимот во напад на ЛШ.

За тоа веќе зборувавме, бара два врвни стопери, уште еден лев бек, Видал и Бакајоко, како и обие да се доведат Алексис Санчез и Мората, ако замине Коста.

Со сите тие засилувања, тој е спремен да остане, иако има понуда од Интер од 15 милиони по сезона.

Абрамович се сложува со сите барања на тренерот кој го препороди Челси, во првата сезона практично е пред титула, но сака повеќе. Пред се направи свој тим, способен да се бори за европска титула.

Што е пречка?

Откупната клаузула, за која Конте бара да се вгради во договорот. По негово мислење, ако одлучи да речеме после две сезони да замине назад во Италија, новиот клуб треба да плати на Челси 15 милиони евра.

Ова се доведува во врска со создавање на нов Интер, Пиоли ќе остане во наредната сезона, со засилувањата ќе го внесе тимот во ЛШ, а тогаш Конте ќе го потресе носталгијата може да се врати во Серија А.

Но, и Абрамович тоа може да го претпостави, па бара откупна клаузула да биде 50 милиони евра, со што ќе спречи Конте после неколку сезони да го напушти Стенфорд Бриџ.

Во секој случај допрва ќе видиме што ќе се случи, Конте е каприциозен, но тешко да се верува дека ќе ги напушти Сините после голем успех…