Којашевиќ заминува од Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Црна Гора и член на Вардар, Дамир Којашевиќ би можел да ги напушти редовите на „црвено црните“ и да се пресели во Сараево.

Според медиумите во Босна и Херцеговина, Којашевиќ ќе биде засилување за младиот тим на Сараево кој ќе се обиде да ја врати титулата во своите витрини.

Дамир Којашевиќ пристигна во редовите на Вардар од Младост Подгорица и веднаш се етаблираше како еден од предводниците на играта на Гоце Седловски. Сепак со доаѓањето во тимот на Барсегјан и Џигаури, Црногорецот падна во втор план и токму затоа е пред преселба во Сараево.