Кој бил идолот на Рашфорд од детството?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На 25 февруари 2016 година, релативно непознат тинејџер се претстави на светскиот фудбал со два погодоци во Европа. Таа ноќ се „роди“ новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Во продолжение Рашфорд со своите игри си изгради име во клубот и стана миленик на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Рашфорд потекнува од фудбалската академија Флечер Мос Ренџерс, каде со седум години бил редовен во тимот, но не на позицијата напаѓач.

„Мојата прва сезона во Флечер Мос беше на голот, а возбудувањето при постигнувањето на голови го добиваш исто како кога ќе одбраниш добри шанси. Тим Хауард ми беше идол, имав мал негов дрес. Еден ден ќе му ги земам и неговите голмански ракавици“ –коментираше Рашфорд за „Сандеј Тајмс“.

Рашфорд е еден од многуте играчи кои од академијата Флечер Мос Ренџерс се вивнале во светскиот фудбал. Покрај Англичанецот кој е неизоставен дел од Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, од оваа академија имаат излезено и играчи како Велбек, Браун, Блекет, Лингард…