Кој кажа дека е само брз? Спекталуларен гол на Сане од слободен удар!

Манчестер СИти на Етихад вечерва одигра натпревар против Хофенхаим во последното коло од групната фаза од ЛШ.

После првите 45 минути резултатот е 1-1 и тоа благодарејќи на Лерој Сане.

Хофенхаим поведе од белата точка во 16. минута, но во последните моменти од првиот дел Сане израмни со фантастичен гол од слободен удар.

Тој е познат како исклучително брз, продорен играч и одличен дриблер, но сега покажа и со каков шут располага.