Кој фудбалер Роналдо го сака во Реал? Нормално, свој сонародник

    Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо даде многу интересно интервју за Герман магазин 11.

    Него германските медиуми го запрашаа кој фрудбалер на Борусија или Баерн сака да го види во Реал, а тој нормално избра еден од своите сонародници.

    „Веројатно тоа би бил мојот соиграч од Португалија Рафаел Гереиро“, одговори Роналдо.

    Да потсетиме, Гереиро во минатото лето од Лориент стигна во Дортмунд и од тогаш импресиораше многу.

    Игра на позиција лев бек каде што во овој момент сигурно не е потребна во Реал бидејќи ја покриваат Марсело, Начо и Коентрао.