Крадците си имаа работа: На мета ѕвезда на Ливерпул!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул оваа сезона, Роберто Фирмино беше жртва на крадци кои му влегле во домот.

Според медиумите, на него му одземале работи во вредност од 70.000 фунти.

Тие еднаш биле спречени да си ја завршат работата, но вториот пат биле поуспешни и го ограбиле познатиот фудбалер.

Додека ситуацијата не се смири, Фирмино со своето семејство ќе престојува во хотел и тоа под заштита на клупската агенција за сигурност.

Вакви напади врз фудбалери не се реткост во Европа, а особено во Англија каде крадците се почесто имаат на мета ѕвезди од ПЛ.