Крамариќ со торпедо го сруши Баерн Минхен, мајсторија на Кастро и убедлива победа на Дортмунд (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се одиграа четири натпревари од 27-мо коло во Бундеслигата.

Хофенхајм на домашен терен направи изненадување и го победи Баерн Минхен, 1:0.

Крамариќ на почетокот на натпреварот пропушти шанса за погодок. Потоа Улрејх го одбрани ударот на Амири. Во 21-ва минута Крамариќ испрати торпедо кон Улрејх кој остана немоќен, а Хофенхајм стигна до водство. Демирбај се закани по голот на баварците, но Улрејх не дозволи зголемување на водството на домашните. Левандовски пред крајот на првото полувреме ја погоди пречката.


All Goals & highlights – Hoffenheim 1-0 Bayern… by goalsarena2017

На почетокот на второто полувреме Бауман го одбрани ударот на Левандовски. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а Хофенхајм освои три бода, 1:0.

Хофенхајм ќе остане на третата позиција, а Баерн на лидерската позиција.

 

Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк го победи Хамбургер, 3:0.

Гонзало Кастро во 13-та минута постигна фантастичен погодок од слободен удар за водство на милионерите. Обамејанг имаше шанса да го зголеми водството, но Адлер не го дозволи тоа. Хамбургер преку Вуд пропушти шанса за израмнување. Адлер пред крајот на првото полувреме го одбрани ударот на Обамејанг.

Мор и Дембеле имаа шанси во второто полувреме кои не ги претворија во погодок. Девет минути пред крајот на натпреварот Шинџи Кагава зголеми на 2:0.


Shinji Kagawa Goal HD – Borussia Dortmund 2-0… by sofiene-l

Конечните 3:0 ги постави Пјер Емерик Обамејанг во судиското продолжение од второто полувреме.


Pierre-Emerick Aubameyang Goal HD – Borussia… by sofiene-l

Милионерите ќе останат на четвртата позиција со еден бод помалку од третопласираниот Хофенхајм и два бода помалку од Лајпциг кој е втор.

Вердер Бремен на домашен терен го декласира Шалке, 3:0, a Келн минимално го победи Ајнтрахт Франкфурт.