Кратко траеше сонот на Балканот: УЕФА не знае ништо за „Балканска лига“!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ги демантираше шпекулациите дека Европската фудбалска унија ќе учествува во формирање на регионална лига на просторите на поранешна Југославија.

Минатите денови се појавија информации за организирање на „Балканската лига“ која би имала финансиска поддршка на УЕФА.

„Нема вистина во врска со тврдењата дека Балканска лига ќе биде формирана наскоро. Не е донесена никаква одлука од било кое тело од УЕФА во врска со создавање на таквата лига.“

Тој нагласи дека домашните натпреварувања се темел на европскиот фудбал, а тоа е важна работа во создавање на било какво регионално натпреварување.

„Иако меѓунационалните натпреварувања се споменати во некои случаи, не постојат никакви предлози досега. Секоја таква идеја или предлог ќе се разгледува во УЕФА само ако е поднесен од страна на националните сојузи.“

Целата приказна за регионална лига трае веќе со години, по многу успешното организирање на натпреварувањето во кошарката, како и некои други спортови, но освен шпекулации нема никаков друг напредок.

Пред неколку денови беше најавено дека ќе биде организирано регионално натпреварување за млади категории и женски клубови, но Васко Дојчиновски исто така изјави дека од 2018-та година ќе почне натпреварување и во машка конкуренција со буџет од околу 16 милиони евра обезбедени од УЕФА.