Кристијано Роналдо сруши рекорд стар 46 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само една недела откако Меси го постигна 500-от гол за Барселона, Роналдо врати со нов рекорд.

Многу љубители ќе се пошегуваат и ќе кажат дека не помина ниту недела, а тие да не срушат некој рекорд.

Пред 10-на денови, Роналдо постигна хет-трик против Баерн и стана првиот играч кој стигнал до број од 100 голови.

По неколку денови Меси стигна до 500-от гол во дресот на Барселона, а сега Роналдо сруши рекорд стар 46 години.

Тој со својот гол за победа против Валенсија стигна до бројката од 367 голови во најдобрите 6 европски лиги.

Роналдо со овој гол го премина Џими Гривс кој има постигнато 366 голови.