Кристоферсен победи во Вал Д`Изер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен победи на трката на Светскиот куп во веле-слалом во Вал Д`Изер.

Тој со време од 1:44.54 беше најдобар, а втор беше Хиршер со 0.75 секунди заостанување. Трето место го освои Корошилов кој беше побавен за 1.92 секунди.

Пантуро кој во саботата беше најдобар во супервелеслалом во Вал Д`Изер, во второто возење излета од патеката.

Интересно е тоа што Кристоферсен ја пропушти првата трка во сезоната во веле-слалом во Леви поради проблеми со норвешкиот скијачки сојуз. На него норвешката ски-федерација му забрани да носи кацига со лого на личниот спонзор, по што тој одби да се натпреварува.

Во генералниот пласман и понатаму води Марсел Хиршер, кој ја зголеми предноста против Пантура на 156 поени.