Кристоферсен победи на ноќниот слалом во Шладминг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хенрик Кристоферсен е победник на ноќниот слалом во Шладминг на патеката Планаи.

Норвежанецот во првото возење беше убедливо најбрз со предност од 52 стотинки во однос на својот најголем ривал Марсело Хиршер додека трет беше Александер Корошилов.

Второто возење го поминаа добро Русинот и Австриецот, но одличниот Кристоферсен уште еднаш одговори на вистински начин.

Во драматичниот финиш успеа за само 9 стотинки да го надмине времето на Хиршер и со тоа ги разочара домашните навивачи.

Кристоферсен и понатаму е втор во пласманот на слаком, но ја намали разликата во однос на Хиршер на 60 бодови. Трет е Манфред со 380 бодови.

Во генералниот пласман најдобар е Хиршер со 1160 поени, а по него следува Кристоферсен со 792 и Пинтуро со 713.