Критики на сметка на трансфер политиката – Лукаку не е задоволен со раководството на тимот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ромелу Лукаку кој се почесто се поврзува со заминување од тимот по завршување на сезоната, е незадоволен од трансфер политиката на овој клуб.

Лукаку е незадоволен со фактот дека Евертон не е во можност да донесе добри засилувања со кои би се бореле за некој трофеј во Англија, но и на меѓународна сцена.

„Не може да останете запаметени по постигнувањето на голови, сакате да бидете запаметени по освојувањето на трофеи. Мора да размислите за тоа како овој клуб може да расте, кој играч е потребно да се донесе за да се бориме за трофеи.“

Лукаку го одби договорот кој му го понуди Евертон, па најверојатно во лето ќе замине од тимот.