Куртоа конечно дебитира за Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва гостува во Џирона кај истоимениот прволигаш. Избраниците на Жулен Лопетеги одат по втората победа оваа сезона, а на овој натпревар ќе имаат помош и од новото засилување, Тибо Куртоа.

Весникот „АС“ пренесува дека Лопетеги ќе му даде шанса на Куртоа пред Кејлор Навас. Со тоа белгискиот чувар на мрежата ќе го има своето официјално деби во „Кралскиот клуб“.

Весникот повикува на трпение кога се работи за Куртоа затоа што голманот во последните шест сезони примал голови на сите први натпревари во сезоната кои ги играл, па веруваат дека таков ќе биде случајот и вечерва.