„Кутињо совршено би и одговарал на Барселона“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар смета дека Филипе Кутињо одлично би се прилагодил во Барселона.

Нејмар има добар однос со Кутињо, кој би сакал да го види во Барселона.

„Играч од ПЛ кој би сакал да го видам во Барселона? Мислам дека тоа е Кутињо, кој во целост одговара на стилот на Барселона.“

Кутињо оваа сезона постигна 5 голови и 6 асистенции во ПЛ за Ливерпул, но само 1 гол во 2017-та година.

Тој во минатото многу се поврзуваше со Барселона, па не е невозможно да заигра заедно со Нејмар.