Левандовски комплетно аут од својата препознатлива форма: По синоќешниот пораз удри по Ковач…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчерашниот пораз на минхенски Баерн и воедно беше седмиот меч во низа во елиминациската фаза на кој Роберт Левандовски не постигна погодок.

Полјакот игра одлична сезона, моментално е прв стрелец во Бундеслигата со 17 погодоци, зад него е Лука Јовиќ со 15 погодоци, но во Европа „Лева“ е без конкретен учинок кога е најважно – во завршницата.

Левандовски последен пат беше стрелец во нокаут фазата во „петардата“ против Бешикташ во осминафиналето изминатата сезона. Полјакот во таа прилика погоди 2 пати.

Од тогаш не се запиша во реванш мечот против Турците, двомечот со Севиља, Реал Мадрид и Ливерпул.

„Не ризикувавме, игравме премногу повлечено. Премногу дефанзивно“, изјави Левандовски по завршувањето на мечот со „Црвените“ што многумина го окарактеризираа како критика упатена кон тренерот Нико Ковач.

Нема сомнеж дека Баварците ги чека голема подготовка за следното лето, особено во играчкиот кадар бидејќи следи неопходна смена на генерациите.