„Левандовски ја заслужи Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рибери пред 3 години веруваше дека ќе ја освои „Златната топка“ откако со Баерн ја освои ЛШ.

Рибери во 2013-та година играше многу добро и беше еден од најзаслужните што Баерн таа година ја освои титулата во ЛШ.

Многумина веруваа дека Рибери ќе ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо, па ќе ја освои „Златната топка“.

На крајот не се случи тоа, па Рибери беше разочаран, а за германските медиуми изјави дека тоа нема да се случи оваа година истото со Левандовски.

„Баерн во претходните години имаше одлични напаѓачи како што се Лука Тони, Марио Гомез или Мирослав Клосе. Сепак, Левандовски е посебна класа. Тој е еден од најдобрите напаѓачи и мора да ја освои оваа награда.“

Доминацијата на Меси и Роналдо трае веќе 10 години. Последен играч кој успеа да ја освои оваа награда пред двата играчи беше Кака во 2007 година.