Легендарниот Фиго испрати совет за ново засилување до Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната легенда на Реал Мадрид и Барселона, Луис Фиго, имаше интервју за шпанските медиуми пред „Ел Класико“, кое се игра во недела од 16.15  часот.

Фиго смета дека е нормално тоа што Реал влегол во мала криза бидејќи играат без најдобриот фудбалер во историјата, Кристијано Роналдо, а исто така ја искористи шансата да им предложи ново засилување.

„Ова е транзициска година за Реал Мадрид и тоа е нормално кога ќе го загубите најважниот фудбалер, кој сте го имале во историјата. Реал освои многу трофеи во минатите години, но во спортот не може секогаш да победувате. Јас би им го препорачал Еден Азар, кој е фантастичен фудбалер и еден од најдобрите во светот“, кажа Фиго.