Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед по долго време се враќа дома: Еве во која функција…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер, Рој Кин ќе стане помошен тренер на Нотингем Форест и повторно ќе соработува со Мартин О’Нил, пренесуваат денес британските медиуми.

Кин и Мартин заедно работеа во репрезентацијата на Ирска од 2013. до 2018. година, а Кин и овојпат ќе биде помошен тренер. Обајцата изминатиот ноември ја напуштија репрезентацијата.

Кин одигра 114 натпревари за Нотингем Форест од 1990. до 1993. година, а потоа премина во редовите на Манчестер Јунајтед, каде и се прослави. Тој е стручен консултант на телевизија и тие обврски ќе ги извршува, но истовремено ќе работи и во стручниот штаб на англискиот тим.

О’Нил имаше успешна фудбалска кариера во Нотингем Форест, со кој, помеѓу останатото, освои и две европски титули.

Тој на 15. јануари ја презеде екипата и тогаш бараше Кин да биде дел од неговиот стручен штаб. На клупата го замени Аитор Каранка, а од тогаш Нотингем Форест загуби од Бристол со 0:1 и славеше против Виган со 3:1.

О’Нил работи во клуб првпат откако го напушти Сандрленд во март 2013. година.

Нотингем Форест инаку се наоѓа на деветтата позиција во Чемпионшип, со четири бодови негатива од плеј-офот.