Легендата му кажа „збогум“ на фудбалот – Френк Лампард се прости со фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Лампард одигра 649 натпревар за Челси во 13-годишната авантура во клубот.

Поранешниот фудбалер на Челси и Англија денес се пензионираше и така ја заврши својата долга кариера.

38-годишниот фудбалер, кој минатата година ја помина во Њу Јорк Сити во МЛС лигата, денес ја пренесе својата одлука до медиумите.

 „Иако добив неколку понуди за да продолжам да играм, на 38 години чувствувам  дека е време да започнам ново поглавје во животот.“

„Благодарен сум до фудбалската асоцијација за можноста да студирам за тренер и сакам да си пробам нови можности кога ќе се појави некоја.“

Лампард ја освои ПЛ со Челси дури 3 пати.

Тој дојде во Челси од Вест Хем во 2011 година. Тој има постигнато 211 голови за Челси и така им помогна да ја овојат ЛШ, 3 титули во ПЛ, 4 ФА купови, 2 Лига купови, Европа Лигата и Комјунити Шилд.

Лампард во текот на кариерата постигна неколку индивидуални рекорди, а еден од нив беше тој што постигнуваше 10 или повеќе голови во ПЛ во 10 успешни сезони за Челси.

Тој ја носеше капитенската лента во финалето во ЛШ во 2011/12 година кога Челси успеа да го победи Баерн Минхен на пенали.

„Тој беше дефинитивно фудбалер од светска класа долго време во кариерата“, изјави Пат Невил.

Лампард дебитираше за Англија против Белгија во 1999 година, па одигра ист број на натпревари како Сер Боби Чарлтон, но сепак ги пропушти ЕП во 2000 и СП во 2002 година.

Лампард ја започна кариерата во Вест Хем, а го одигра својот деби натпревар во јануари 1996 година откако помина низ младинскиот систем. Но поради присуството на својот татко и неговиот вујко Хари Реднап значеше дека тинејџерот ќе добие критики.

Лампард во својата автобиографија напиша дека некои од навивачите славеле кога тој ја скршил ногата во натпреварот против Астон Вила.

Сите критики кои ги имаше престанаа кога тој се пресели во Челси за 11 милиони фунти.

Тој играше и за Сити откако дојде на позајмица од Њу Јорк Сити.

Лампард одби да го прослави својот гол против Челси и така покажа голема почит кон својот поранешен клуб.

Лампард го одигра своето деби во август 2015 година во МЛС, но критиките за неговите игри не престануваа, а потоа откако се врати од повредата, навивачите го прогласија за „најлошиот трансфер во МЛС историјата“.

Но тој повторно се врати во форма и градот го прослави денот на Френк Лампард во септември, откако тој го постигна својот 300-ти гол во кариерата.

„Тоа беше неверојатна кариера затоа што тој беше отпишан на самиот почеток и му беше кажано дека нема да стигне далеку, но тој успешно им покажа на сите дека згрешиле.“, изјави Невил.

Неверојатна кариера која ќе ја запаметиме сите, а најмногу фановите на Челси за кои тој беше и ќе остане легенда на клубот.