Легендата на Атлетико Мадрид се пресели во Катар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи се пресели во тимот на Ал Сад во катарската лига.  Во тимот на Ал Сад искусниот Габи ќе игра заедно со легендата на Барселона, Чави Ернандез.

„Ова е тежок и емотивен ден за мене. Ова е најтежок момент во мојата кариера. Атлетико Мадрид е начин на живот за мене, жалам што го напуштам“- коментираше Габи.

Габи во Атлетико Мадрид освои шест трофеи и тоа една титула во шпанската Ла Лига, две титули во Лига Европа, еден УЕФА Супер Куп, еден Копа Дел Реј и еден шпански Супер куп.