Легендата на Челси распали во Кепа: Какво непочитување кон клубот и навивачите…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа имавме можност да го погледнеме финалето во Лига Купот, ривали беа Челси и Манчестер Сити.

„Граѓаните“ го добија финалето по изведувањето пенали, па го прославија својот прв трофеј освоен на „Вембли“.

Меѓутоа, шоуто на финалето потполно го „украде“ најскапиот голман на денешницата, Кепа кој одби во завршницата на второто продолжение да му го препушти своето место на резервниот голман на Челси и специјалистот за пенали, Кабалјеро.

Овој потег го прокоментира и легендата на „Стемфорд Бриџ“, Џон Тери.

„Големо разочарување, не покажаа воопшто почит кон клубот и навивачите. Требаше да излезе штом го покажа неговиот број четвртиот судија, до тогаш имаше солиден настап. Требаше тоа подоцна да го реши со тренерот, на неговите соиграчи воопшто не им требаше ова“, јасен беше Тери.