Легендата ќе му помага на Наполи против Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва ќе се игра натпреварот од 1/8-финалето помеѓу Реал Мадрид и Наполи.

Тимот на Наполи против актуелниот шампион на Европа ќе има тешка задача, а пред натпреварот Сари се надева на дополнителен мотив на играчите кој би можел да им го даде Марадона.

Легендарниот фудбалер ќе биде на трибините во Мадрид, а не е исклучена можноста тој да дојде пред натпреварот во соблекувалната и од оддржи говор.

„Тоа би било одлично. Мислам дека на играчите ќе им значи многу ако тој оддржи говор пред натпреварот. Се надевам дека ќе има време за тоа.“

Наполи треба да го поддржуваат и 10.000 навивачите на трибините во Мадрид.