Легенда на Арсенал е во тешка ситуација: Си копам дупка – не можам да се извлечам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец од 90-те години, а притоа и легенда на Арсенал, Пол Мерсон кажа дека не успеал да ја победи зависноста од коцкање.

Мерсон имаше одлични настапи за Арсенал во текот на својата кариерата, но коцката му го уништила животот.

„Копав своја дупка и не можев да се извлечам“, призна Мерсон, кој има седум деца.

Проблемите на Британецот се враќаат на неговите почетоци во Арсенал, кога како тинејџер првпат стапнал во обложувалница.

Тоа е само почетокот на зависноста, во текот на 90-те години потрошил преку осум милиони евра на лоши работи, меѓу кои е и коцката. Тој вели дека трошел 23.000 евра преку викенд.

Поранешниот фудбалер исто така ја опишува својата желба за коцкање и вели дека постојано размислувал да добие пари за да продолжи да се обложува.

„Повторно ја загубив контролата. Копам дупка, не можам да се извлечам. Тоа е најлошата зависност на светот“, признава Мерсон.

Инаку, Мерсон доби голема поддршка во Англија, откако во еден документарец откри дека и понатаму страда од зависност за коцкање.

Англичанецот во својата кариера одигра 327 натпревари за Арсенал, а има настапувано уште и за Астон Вила, Миделсзбро и Портсмут.