Легенда на Јунајтед предупреди: Ќе има бунт доколку Солскјер замине од „Олд Трафорд“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил предупредува дека ќе се случи бунт меѓу навивачите доколку Оле Гунар Солскјер не остане тренер на „Олд Трафорд“.

Норвежанецот го презема клубот во декември, кога Жозе Мурињо доби отказ. Под негово водство Јунајтед има десет меча без пораз во Премиерлигата, а се избори и за четвртфинале во ФА-купот.

Единствениот пораз на „Црвените ѓаволи“ беше во осминафиналето на Лигата на шампиони од ПСЖ со 0-2 на домашен терен.

„Мислам дека во моментов не може никој друг да ја добие таа позиција, а одлуката да не предизвика бунт. Навивачите веќе му пејат песни. Во овој момент многу е блиску и се надевам дека ќе остане во тимот и по крајот на сезоната“, вели Невил.

„Ѓаволите“ во моментов се петти во домашниот шампионат со бод помалку од четвртопласираниот Арсенал.