„Л’Екип“ има нова ексклузива: Нејмар ќе заглави во затвор!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француски „Л’Екип“ пред некое време објави дека има информации за местење на дуелот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во Лигата на шампиони, а тие сега повторно имаат ексклузивна приказна.

Таа се однесува на најдобриот фудбалер на ПСЖ, Нејмар, кој би можел да заврши во затвор и тоа дури шест години.

Инаку, станува збор за трансферот на Бразилецот од Сантос во Барселона поради кој каталонскиот гигант се наоѓа повторно на удар.

Барселона најпрво покажа дека трансферот изнесувал една сума, а потоа ја поправија и ја прикажаа вистинската вредност.

Шпанскиот суд веднаш побара да го истражу случајот и најдоа многу неправилности, а меѓу другото и дека Нејмар знаел за „перењето“ на пари, па поради тоа би можел да добие затворска казна.