Лестер го освои „Гудисон парк“: Варди го урна Евертон! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лестер сити го победи Евертон со 1-0 на „Гудисон парк“ во 20. коло од англиската Премиерлига, а стрелец на единствениот погодок беше Џејми Варди.

Варди повторно заигра во одлична форма, па ова му беше седми погодок во сезоната, откако ја затресе мрежата на Џордан Пикфорд во 58. минута.

Лестер со овој триумф стигна до 31 бод и се проби до седмата позиција, а во наредното коло го пречекува Саутемптон и има убава шанса да добие нови бодови.

Од друга страна, Евертон остана на десеттата позиција со 27 бодови.