Лестер после продолжение го победи Дерби и се пласира во 1/8 финале во ФА купот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер после продолжение го победија Дерби во натпревар од 1/16 финалето во ФА купот со 3:1.

Во првото полувреме на Кинг Пауер мируваа мрежите.

На почетокот на второто полувреме Кинг му донесе водство на Лестер.

Камара во 61-ва минута го израмни резултатот. После 90 минути игра победникот не беше решен, па се отиде на продолженија.

Три минути по влегувањето на терен, Ндиди на асистенција на Марез погоди за 2:1.

Конечните 3:1 ги постави Греј во 114-та минута и му обезбеди на Лестер победа во овој натпревар и пласман во 1/8 финале во ФА купот.