Лестер пронајде нов Варди?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Лестер Џејми Варди, во минатата сезона го воодушеви фудбалскиот свет со своите голови кој на големо учестуваше во освојување на титулата шампион на Англија.

Варди во својата кариера имаше доста тешки моменти, но се тоа го „наплати“ во минатата сезона кога беше еден од најдобрите напаѓачи во Англија.

Лестер со доведувањето на Варди покажа дека знае да избере вистински играч од аматерските англиски лиги и не сака да застане на тоа.

Имено, англиските медиуми објавија дека Лестер пронајде нов Варди.

Се работи за 22-годишниот напаѓач на Стафорд Ренџерс, Џош Гордон.

Овој фудбалер во оваа сезона одигра 15 натпревари за својот тим, и постигна десет голови.

Наводно, скаутите на Лестер веќе некое време го следат Гордон кој судејќи според се ќе заврши на Кинг Пауер стадионот.

Неговиот трансфер треба да изнесува нешто помалку од милион фунти.

Да потсетиме дека Варди во Лестер стигна од Флитвуд Таун за само еден милион фунти.