Ливерпул во нова офанзива по ван Дијк


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија управата на Ливерпул дала зелено светло за нов обид да се ангажира играчот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк.

Од Саутемптон бараат 70 милиони фунти за стоперот кој и самиот побара трансфер кај црвените минатото лето.

Маурисио Пелегрино истакна дека не може да гарантира дека дефанзивецот ќе остане на „Сент Мери“.

„Не знам дали ван Дијк ќе биде во клубот во јануари. Не можам да го контролирам пазарот. Никогаш не се знае, затоа што кога зборуваме за пари, секој си има своја цена. Ние имаме многу добри играчи, а повеќето тимови сакаат да ги имаат во своите редови“-коментираше Пелегрино.