„Ливерпул може да ја освои титулата“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Емил Хески смета дека тој клуб е доволно добар за да ја освои титулата во ПЛ.

    Ливерпул беше блиску до титулата во 2014 година, а Хески вели дека сегашниот тим е многу добар.

    „Време е да се зборува дали ќе се освои титулата, а ми делува дека тие се подготвени за тоа. Во одбраната се солидни, но посебно се добри во нападот. Во овој момент играат фантастично. Уживам додека ги гледам. Тоа е тим кој постигнува многу голови.“

    „Мане, Кутињо и Фирмино само за напад размислуваат и многу се добри со топката. Секој од нив сака да ја земе топката, а Мане е исклучително брз. Моментално се делува одлично.“

    Ливерпул моментално е прв на табелата со 26 бодови, еден повеќе од Челси и 2 повеќе од Сити.