Ливерпул на големо слави: Се најде купувач на „непосакуваниот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Распнат беше Лорис Каријус на столбот на срам откако направи две големи грешки во минатогодишното финале во Лигата на шампионите.

Потоа, беше јасно дека Јирген Клоп не смета на него, па летото мораше да го напушти клубот.

Проблем настана кога „Црвените“ видоа дека никој не го сака, но во последен момент ускокна Бешикташ кој го позајми до крајот на сезоната.

На Германецот таму не му оди така лошо, стандарден е во турската лига каде работите за „Црните орли“ не одат баш најдобро бидејќи се наоѓаат на седмата позиција.

И покрај тоа, претседателот на турскиот великан, Фикрет Орман е задоволен со партиите кои ги нуди Каријус.

„Каријус е врвен голман, дај Боже да го откупиме бидејќи не сакаме да го вратиме назад во Ливерпул. Нему му беше потребно само време, ништо друго“, истакна Турчинот.

Во Ливерпул малку е да се каже дека се задоволни…