Ливерпул повеќе не смета на него – Понуда од Италија за Стариџ!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.

По 4 години во дресот на Ливерпул, по се изгледа дека кариерата Стариџ ќе ја продолжи на друго место.

Милан најверојатно на крајот на сезоната ќе останат без Бака, па би сакале во свои редови да го видат Стариџ.

Ливерпул за него бара 30 милиони фунти, но тоа е премногу за Милан, па ќе се чекаат прво Кинезите да го превземат тимот.

Стариџ е член на Ливерпул од 2013 година кога стигна од Челси, а неговиот напредок го спречија голем број повреди.

Оваа сезона на 21 натпревар постигна 6 голови.