Ливерпул подготвен за Манчестер: Салах открива што се „крчка“...?!

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах истакна дека неговата екипа мора да прифати голем притисок кој носи битка за шампионска титула.

„Можеш да почувствуваш бидејќи си човечко битие. За мене не е важно дали сега ќе победам или дали сум победил пред три недели. Сакам да победам во секој меч.

Во ноември истакнав дека притисок постои и дека така ќе биде до крајот на сезоната. Кога играш за шампионска титула, мораш тоа да го прифатиш. Секако, под притисок е и Манчестер Сити“, истакна Салах за Скај.

Ливерпул е втор на табелата со 65 бодови, колку што има и првопласираниот Манчестер Сити, но со натпревар повеќе. Ливерпул во недела игра на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед и ако избегне пораз би можел да се врати на првото место на табелата.

„За мене не е доволно да уживам во оваа ситуација. Имаме цел, имаме сон, да ја освоиме Премиер лигата. Пред две години, кога дојдов во клубот кажав дека сон ми е да ја освојам Премиер лигата“, наведе Салах.

Натпреварот со Јунајтед е првата од трите тешки натпревари за Ливерпул во претстојната недела, бидејќи следат дуелите со Вотфорд и дербито со Евертон на „Гудисон“.