Ливерпул по десет години останува без главниот човек на трансфер политиката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ново задолжение во Минхен.

Дојде време за разделба. По  10 години, Ливерпул останува без еден од своите најважни луѓе, Јан Ајр, сега поранешен директор на Ливерпул.

Планот беше тој да остане до крајот на сезоната, но дојде до пресврт и тој од февруари ќе има нов работа. Во Германија. Негов нов клуб ќе биде Минхен 1860, каде ќе биде поставен за генерален директор.

Ајр стигна во 2007 година во Ливерпул на позицијата комерцијален директор, а две години подоцна влезе во управниот тим додека во 2011 година беше поставен за директор на управување, а пред 4 години и за извршен директор.