Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Еден од најбараните фудбалери за врска е мета на Ливерпул.
Медиумите пишуваат дека има преговори помеѓу Ливерпул и Спортинг околу Вилијам Карваљо.
Според медиумите Ливерпул му нуди на Спортинг 26 милиони фунти за овој одличен играч.
Карваљо претходно се поврзуваше со Арсенал, но тој 24-годишен фудбалер, кој минатото лето со Португалија го освои ЕП, во овој момент е најблиску до Ливерпул.
Спортинг оваа зима им го вратија на Ливерпул од позајмица Лазар Марковиќ, кој сега беше испратен на друга позајмица во Хал Сити.