Лидс го претстави едно од најголемите засилувања во последните неколку години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Лидс Јунајтед денес го претстави можеби и најголемото засилување во последните неколку години.

Тимот се засили со довчерашниот голман на Реал Мадрид Кико Касиља, па денес ги направи медицинските прегледи и стави потпис на договорот.

Одличниот шпански чувар на мрежата потпиша договор со Лидс на четири ипол години и сигурно ќе биде од голема корист кога е во прашање борбата за Премиер лигата.

Да потсетиме, Лидс е моментално лидер во Чемпионшип со 54 освоени бодови, а прилика за деби, Касиља ќе има веќе за два дена кога неговиот нов тим ќе гостува кај Стоук.

Инаку овој 32 годишен голман пред Реал Мадрид бранеше за Еспањол и Кадиз.